Месец: м.г

КАКО ДА СЕ ДОБИЈАТ ПАРИ НА СМЕТКА ОД НАДОМЕСТОК ЗА ПОМОШ И НЕГА ОД ДРУГО ЛИЦЕ?

Е. А. има  60 години и живее во општина Шуто Оризари. Таа живее со мажот кој е делумно телесно подвижен и со синот кој има ментално растројство и повеќе пати бил лекуван во психијатриска болница. Таа аплицирала за правото на надоместок за помош и нега од друго лице за нејзиниот син и има добиено позитивно решение. Бидејќи не е писмена, не знаела дека треба да оди во банка со решението за да пријави дека ќе добие средства и да даде трансакциска сметка за да може да добие прилив на сметка. Исто така, Е. А. имаше уште еден проблем. Нејзиниот...

Види Повеќе

ПЛАЌАЊЕ НА КАЗНА НА РАТИ ЗА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА

На ден 11.02.2022 ми се обрати странката Ѓ.Д од Куманово. Странката е девојка од 22 годишна возраст и таа се пожали дека добила пресуда од Основен суд Куманово за парична казна од 1000 евра, поради непочитување на забраната за движење за време на полициски час во КОВИД кризата, а доколку се утврди неплатливост следува и затворска казна. Се работи за невработено лице кое не прима никаква социјална помош и не можеше да изнајде средства да ја исплати казната од 1000 евра. Како правен монитор ги преземав следниве чекори: Заедно со странката се упативме до АВРСМ да извадиме потврда за...

Види Повеќе

НЕОСНОВАНО БРИШЕЊЕ ОД ЕВИДЕНЦИЈА НА АВРСМ – ПРЕЧКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРАВО НА ГМП

С. А.  на возраст од 32 години и нејзиниот сопруг А. А.  на возраст од 34 години, живееат во брачна заедница со нивните 3 малолетни деца на улица Дабнички Завој во Прилеп. Двајцата се невработени и активни баратели на работа, имаат завршено основно образование и биле корисници на право на родителски додаток за трето дете до месец Јануари, 2022 година. Нивните малолетни деца се редовни ученици во ООУ „Добре Јованоски“– Прилеп. Основните приходи за основните трошоци и егзистенција на семејството се од социјална заштита, а повремено и од сезонска работа или работа за дневница. Случајот е идентификуван на терен...

Види Повеќе

ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО НА НАДОМЕСТОК ЗА ПОМОШ И НЕГА ОД ДРУГО ЛИЦЕ

А.Ч. родена 1962 година во Кичево, мажена во Дебар живее во заедница од 2 фамилии вкупно 9 лица. По националност се Роми, приматели на гарантирана минимална помош.  Нејзиниот сопруг Ф.Ч. и нејзиниот син А.Ч. работат приватно како физички работници. А.Ч. по неколку месечно боледување кај истата беше констатирано потешка телесна попреченост со што лицето не може само да ги врши основните активности од секојдневниот живот. Неколку дена откако истата беше пуштена од болница нејзината снаа Б.Ч. се обрати за совет и помош околу остварувањето на правото “Надоместок за помош и нега од друго лице”. Како правен монитор за наведениот...

Види Повеќе