А.Ч. родена 1962 година во Кичево, мажена во Дебар живее во заедница од 2 фамилии вкупно 9 лица. По националност се Роми, приматели на гарантирана минимална помош. Нејзиниот сопруг Ф.Ч. и нејзиниот син А.Ч. работат приватно како физички работници.
А.Ч. по неколку месечно боледување кај истата беше констатирано потешка телесна попреченост со што лицето не може само да ги врши основните активности од секојдневниот живот. Неколку дена откако истата беше пуштена од болница нејзината снаа Б.Ч. се обрати за совет и помош околу остварувањето на правото “Надоместок за помош и нега од друго лице”.
Како правен монитор за наведениот случај асистирав и ги дадов следните насоки согласно правилникот за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице објавен на страната на МТСП:
- Лицето да достави барање до центарот за социјални работи (како изгледа образецот, кои податоци се пополнуваат и како, на лицето и објаснив денот кога се обрати за помош)
- Кон барањето се обезбедува и дополнителни документи:
- важечка лична карта за државјанин на Република Северна Македонија (бидејќи се работи за државјанин на РСМ),
- мислење од матичен лекар за потребата од помош и нега од друго лице со Бартелов индекс и
- отпусно писмо со специјалистички извештај или друга медицинска документација
Откако се комплетираше целосната документација истата беше доставена до центарот за социјални работи, по неколку дена разгледување на документацијата и прибавување на податоци за факти за странката до центарот за социјални работи стигна позитивно решение дека поднесителот на барањето ги исполнува условите за надоместок за помош и нега од друго лице и на истите секој месец ќе им се исплаќа надоместок од 4565 денари.
Правен монитор во хаб Дебар
Алмира Кагури