С. А. на возраст од 32 години и нејзиниот сопруг А. А. на возраст од 34 години, живееат во брачна заедница со нивните 3 малолетни деца на улица Дабнички Завој во Прилеп. Двајцата се невработени и активни баратели на работа, имаат завршено основно образование и биле корисници на право на родителски додаток за трето дете до месец Јануари, 2022 година. Нивните малолетни деца се редовни ученици во ООУ „Добре Јованоски“– Прилеп.
Основните приходи за основните трошоци и егзистенција на семејството се од социјална заштита, а повремено и од сезонска работа или работа за дневница.
Случајот е идентификуван на терен во месец Февруари, 2022 година од страна на Мобилизаторот на заедница кој е ангажиран во рамки на проектот на УСАИД за инклузија на Ромите. Странките следниот ден лично се обратија во канцеларијата на Хабот поради тоа што се соочиле со проблем во неможност за остварување на право на гарантирана минимална помош, поради тоа што биле избришани од евиденција на невработените лица во АВРСМ – Центар за вработување Прилеп, неосновано.
Имено, заради користење на услугите за невработени лица кои ги нуди Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и воведување во соодветниот регистар во Центарот за вработување во Прилеп, С. А. и нејзиниот брачен сопруг А. А. биле евидентирани на ден 24.09.2020 год. Согласно обврската за задолжително лично јавување на секои 30 дена како невработени лица, се пријавиле само еднаш, а следното пријавување не се појавиле во дадениот рок поради добивање на информација од страна на службеник од ЈУМ Центар за социјална работа Прилеп, дека нема обврска за пријавување на секои 30 дена бидејќи како семејство се корисници на право на родителски додаток за трето дете и дека немаат обврска при користење на тоа право да бидат активни баратели.
Поради истекот на законскиот рок од 10 години на користење на правото на родителски додаток за трето дете, како материјално необезбедено семејство и невработени лица, поднеле барање за остварување на право на гарантирана минимална помош. Покрај исполнувањето на условите, еден од основните услови за користење на право на ГМП е да се активни баратели и евидентирани во АВРСМ.
Со цел да се евидентираат како невработени лица-активни баратели, со оглед на фактот што во 2020 година не се пријавиле во утврдениот рок и поради тоа се избришани од евиденцијата на невработени лица и истата може повторно да се пријави по истекот на една година, согласно закон по истекот на една година од последното пријавување, се обратила во АВРСМ-ЦВ-Прилеп за да може повторно да се евидентира како невработено лице, но наместо да бидат пријавени и евидентирани како активни баратели, добиле Решение со кое се бриши од евиденција во тој момент. Оттука, нејасно беше како лице кое не ја исполнило обврската да се пријави во 2020 година, добива Решение за бришење од евиденција во 2022 година. Во оваа смисла истата освен поминувањето на една година, со добиеното решение и бришењето од евиденција, добива забрана од две години.
Следните чекори беа преземени од моја страна како правен монитор:
- Информирање, советување и упатување на странките;
- Придружба и застапување пред АВРСМ-ЦВ-Прилеп каде е разговарано со раководителката на која и беше посочена неправилната примена на одредбите на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, спротивно на член 59-а, став 2 каде децидно е наведено дека невработеното лице кое нема да ја исполни обврската во рок од 30 дена по истекот на рокот на јавување, се брише од евиденцијата на невработени лица и може повторно да се пријави по истекот на една година. Посебно посочено беше дека се работи за неука странка која не ја разбира постапката и се базира на добиените информации од институциите и службениците кои се компетентни за давање на информации и упатување;
- Неприфаќање на институционалниот пропуст и непреземање на дејствија за исправка на пропустот а незадоволни од донесеното Решение во име на странките беше напишана и поднесена жалба до Министерство за труд и социјална политика-Скопје против решенијата на АВРСМ-ЦВ-Прилеп до Министерство за труд и социјална политика-Скопје.
По однос на поднесеното тужбено барање беше добиен позитивен одговор и со тоа С. А и А.А беа вратени во евиденција како активни баратели и следствено на тоа остарија право на ГМП. Со ова беше надминат системски пропуст и беше елиминирана негативна пракса на бирократизација.
Правен монитор во хаб Прилеп
Џенгис Бериша