Ден: д.м.г

КАКО ДА СЕ ДОБИЈАТ ПАРИ НА СМЕТКА ОД НАДОМЕСТОК ЗА ПОМОШ И НЕГА ОД ДРУГО ЛИЦЕ?

Е. А. има  60 години и живее во општина Шуто Оризари. Таа живее со мажот кој е делумно телесно подвижен и со синот кој има ментално растројство и повеќе пати бил лекуван во психијатриска болница. Таа аплицирала за правото на надоместок за помош и нега од друго лице за нејзиниот син и има добиено позитивно решение. Бидејќи не е писмена, не знаела дека треба да оди во банка со решението за да пријави дека ќе добие средства и да даде трансакциска сметка за да може да добие прилив на сметка. Исто така, Е. А. имаше уште еден проблем. Нејзиниот...

Види Повеќе

ПЛАЌАЊЕ НА КАЗНА НА РАТИ ЗА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА

На ден 11.02.2022 ми се обрати странката Ѓ.Д од Куманово. Странката е девојка од 22 годишна возраст и таа се пожали дека добила пресуда од Основен суд Куманово за парична казна од 1000 евра, поради непочитување на забраната за движење за време на полициски час во КОВИД кризата, а доколку се утврди неплатливост следува и затворска казна. Се работи за невработено лице кое не прима никаква социјална помош и не можеше да изнајде средства да ја исплати казната од 1000 евра. Како правен монитор ги преземав следниве чекори: Заедно со странката се упативме до АВРСМ да извадиме потврда за...

Види Повеќе