Е. А. има 60 години и живее во општина Шуто Оризари. Таа живее со мажот кој е делумно телесно подвижен и со синот кој има ментално растројство и повеќе пати бил лекуван во психијатриска болница. Таа аплицирала за правото на надоместок за помош и нега од друго лице за нејзиниот син и има добиено позитивно решение. Бидејќи не е писмена, не знаела дека треба да оди во банка со решението за да пријави дека ќе добие средства и да даде трансакциска сметка за да може да добие прилив на сметка.
Исто така, Е. А. имаше уште еден проблем. Нејзиниот сопруг на кој што таа е полномошник, не земал пензија за месеците октомври и ноември. За да се запознам подобро со овој проблем таа ми даде број од извршител.
Следниве чекори беа преземени од мене како правен монитор:
- Немањето прилив на средства по основ на позитивно решение за надоместок за помош и нега од друго лице го решивме со тоа што јас заедно со Е. А. се упативме до Стопанска Банка. На шалтер го приложивме решението и службеникот ја поврза нејзината сметка за да има прилив на средства.
- Во врска со вториот проблем, јас се јавив кај извршителот и добив информации дека нејзиниот маж е жирант на лице кој земал кредит, а лицето кое земал кредит сега е починат.
- Закажав средба со извршителот на која што присуствувавме заедно со Е. А. за да провериме што може да се направи. Според нејзината изјава, на нејзиниот сопруг му била злоупотребена личната карта додека тој бил под дејство на алкохол.
- Извршителот не можеше ништо да направи освен да ни даде совет дека треба да се плати целиот кредит, а по исплатата може да се тужи наследникот на лицето, во случајот жената на починатиот.
- Тој не упати до Халкбанк (банка од која починатото лице го земало кредитот) каде имав средба со правни службеници кои само ни ја кажаа сумата за тоа колку останува да се плати.
- Потоа отидовме до Комерцијална Банка (банка каде нејзиниот сопруг има сметка) за да извадиме извод и да видиме кој ја повлекува пензијата на нејзиниот маж. На крај испадна дека средствата ги земала Е. А., а само 1/3 е префрлено кај извршителот, но не и целата сума како што претходно тврдеше таа.
Позитивниот резултат од сето ова е што денес Е. А. редовно има приход за помош и нега од друго лице за нејзиниот син и повеќе нема проблеми со извршителот, зошто редовно го плаќа кредитот.
Правен монитор во хаб Шуто Оризари
Надир Усеин