На ден 11.02.2022 ми се обрати странката Ѓ.Д од Куманово. Странката е девојка од 22 годишна возраст и таа се пожали дека добила пресуда од Основен суд Куманово за парична казна од 1000 евра, поради непочитување на забраната за движење за време на полициски час во КОВИД кризата, а доколку се утврди неплатливост следува и затворска казна. Се работи за невработено лице кое не прима никаква социјална помош и не можеше да изнајде средства да ја исплати казната од 1000 евра.
Како правен монитор ги преземав следниве чекори:
- Заедно со странката се упативме до АВРСМ да извадиме потврда за невработено лице и потврда дека не е примател на никаква социјална помош.
- После комплетирање на документацијата го посетивме Основен суд Куманово и се информиравме детално за случајот.
- Побаравме дозвола за плаќање на рати на паричната казна по што добивме одговор дека може на 6 месечни рати од по 10,000 денари.
- Одлучивме да напишеме приговор до судот и заедно со потврдата од АВРСМ да го доставиме до институцијата.
- Еден ден после доставувањето на документацијата, судот не извести дека приговорот е прифатен, и на странката и е дозволено да ја плаќа казната на 6 месечни рати.
- Веднаш со странката се упативме до пошта да и објаснам за плаќањето на паушал од 3,000 ден и како понатака да ги плаќа ратите.
Случајот се реши успешно со тоа што Ѓ.Д од Куманово избегна да добие затворска казна заради неможноста ја плати сумата наеднаш. Со приговорот и пропратната документација таа сега ја плаќа казната на рати.
Правен монитор во хаб Куманово
Муарем Шакировски