Ден: д.м.г

ЈАЗИЧНАТА БАРИЕРА НЕ Е ПРИЧИНА РОМСКИТЕ ДЕЦА ДА СЕ ПРАЌААТ ВО СПЕЦИЈАЛНИ УЧИЛИШТА

И.С на возраст од 39 години од Скопје, Општина Шуто Оризари ми се обрати со следниот проблем. Нејзиното дете А.С. учи во основното училиштето „26-ти Јули “ во Скопје, Шуто Оризари. Се работи за хиперактивно дете кое училиштето го испраќа до Центарот за функционална проценка и поддршка на деца и млади за да му се направи проценка според Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ),  тврдејќи дека има психички проблеми а врз основа на убедување на наставничката. Детето е немирно и поради тоа било отстрането и маркирано од сите и оставено во ќоше од страна на наставниците. Примерот...

Види Повеќе

ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПЛАЌАЊЕ НА СООБРАЌАЈНА КАЗНА

На ден 15.10.2021 лицето М.А.  се обрати во хабот во Гостивар, со цел да добие информации во врска со поканата ПРК БР.1811/21-С од Основен суд Гостивар која пристигнала на неговата адреса, а се однесувала на неговиот брат Б.А. кој се води на истата адреса и кој моментално е надвор од државата. Тој ми ја покажа документација која ја добил од судот во која е наведено дека на ден 04.06.2021 на автопатот Тетово-Гостивар од страна на полициски службеник било запрено ПМВ ,,Голф,, и Б.А. сторил прекршок на тој начин што на јавен пат надвор од населено место со возилото се...

Види Повеќе

ОБРАЗОВЕН ДОДАТОК

Џ.С. има 52 години и живее во Скопје, Општина Чаир. На редовните теренски посети кои ги имам со ромската заедница во Топаана, тој ми се обрати дека е заинтересиран да аплицира за образовен додаток за неговиот внук. Странката не знаеше која е постапката за добивање на ова право и неколку пати се обидел да добие одговор од неколку невладини организации, но за жал немал некои јасни упатувања околу постапката, каде и кои се потребните документи кои треба да се достават со барањето, како и каде треба да се аплицира за ова право. Како правен монитор ги преземав следниве чекори:...

Види Повеќе

ПРОМЕНА НА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ ПОСЛЕ РАЗВОД НА БРАК

Н. Ф. на возраст од 28 години од Крива Паланка ми се обрати за совет и упатување при вадење на лична документи. Таа беше во процес на развод и со тоа имаше потреба од совет за вадење на одредени документи кои и беа потребни во постапката за развод како и после разводот заради сменето презиме. Имено од страна на адвокатот кој ја застапуваше во бракоразводната постапка и било побарано извод со прифатеното презиме на сопругот. После разводот истата странка требаше да промени лични документи кои ќе гласат на вратеното моминско презиме. Како правен монитор ги преземав следниве чекори: Н.Ф....

Види Повеќе

ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ

Право на гарантирана минимална помош има домаќинство кое е материјално необезбедено и нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува. За материјално необезбедено се смета домаќинство чија вкупна просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето за остварување на правото и во текот на користењето на правото е пониска од висината на утврдената гарантираната минимална помош, согласно со овој закон. Висината на правото на гарантираната минимална помош се пресметува како основица за еден член на домаќинството, зголемена за коефициент од еквивалентната...

Види Повеќе