Џ.С. има 52 години и живее во Скопје, Општина Чаир. На редовните теренски посети кои ги имам со ромската заедница во Топаана, тој ми се обрати дека е заинтересиран да аплицира за образовен додаток за неговиот внук. Странката не знаеше која е постапката за добивање на ова право и неколку пати се обидел да добие одговор од неколку невладини организации, но за жал немал некои јасни упатувања околу постапката, каде и кои се потребните документи кои треба да се достават со барањето, како и каде треба да се аплицира за ова право.

Како правен монитор ги преземав следниве чекори:

  • Му објаснив кои документи се потребни за остварување на ова право
  • Странката дојде со сите потребно документи кои му ги копирав и му помогнав во пополнување на барањето и изјавата
  • Потоа заедно се упативме до Меѓуопштински центар за социјална работа да ја доставуваме целата потребна документација.

Странката се уште чека за позитивно решение за образовен додаток. Бевме до Меѓуопштинскиот центар за соцјална работа да се информираме до каде е постапката. Вработените во Центарот за социјална работа ни кажаа дека се чека неколку месеци за одобрено решение за ова право.

 

Правен монитор во Чаир, Топаана

Ервин Мамути