Н. Ф. на возраст од 28 години од Крива Паланка ми се обрати за совет и упатување при вадење на лична документи. Таа беше во процес на развод и со тоа имаше потреба од совет за вадење на одредени документи кои и беа потребни во постапката за развод како и после разводот заради сменето презиме. Имено од страна на адвокатот кој ја застапуваше во бракоразводната постапка и било побарано извод со прифатеното презиме на сопругот. После разводот истата странка требаше да промени лични документи кои ќе гласат на вратеното моминско презиме.
Како правен монитор ги преземав следниве чекори:
- Н.Ф. беше придружувана и помогната да пополни барање за издавање на извод од матичната книга на родените со цел издавање на извод во кој ќе фигурира прифатеното презимето на сопругот.
- После завршување на бракоразводната постапка, на Н.Ф. и беше потребна промена на лични документи на кои ќе фигурира нејзиното моминско презиме. Во Управата за водење матични книги во Крива Паланка поднесовме ново барање за издавање на извод од матичната книга на родените.
- Следен чекор беше советување и помагање на Н.Ф. при пополнување на барањето за нова лична карта како и нејзина придружба до МВР.
- Исто така странката беше придружувана во Центарот за социјални работи во Крива Паланка каде што требаше да извади нова здравствена книшка. Во Центарот исто така и беше направена и промена на здравственото осигурување бидејќи како невработено лице таа беше пријавена со осигурувањето на нејзиниот поранешен сопруг.
Позитивниот резултат е тоа што Н.Ф. ги доби сите горенаведени документи. Таа доби извод од матичната книга на родените со презиме на сопругот како потребна документација во бракоразводната постапка. После разведениот брак доби извод кој го содржи моминското презиме. Со овој извод Н.Ф исто така можеше да добие лична карта со моминското презиме. Успешно доби и нова здравствена книшка и има ново здравствено осигурување.
Како правен монитор од Крива Паланка заедно со странката Н.Ф. успешно ја завршивме оваа процедура на промена на лични документи која траеше околу еден месец.
Правен монитор од Крива Паланка
Идрис Мустафовски