На ден 15.10.2021 лицето М.А.  се обрати во хабот во Гостивар, со цел да добие информации во врска со поканата ПРК БР.1811/21-С од Основен суд Гостивар која пристигнала на неговата адреса, а се однесувала на неговиот брат Б.А. кој се води на истата адреса и кој моментално е надвор од државата.

Тој ми ја покажа документација која ја добил од судот во која е наведено дека на ден 04.06.2021 на автопатот Тетово-Гостивар од страна на полициски службеник било запрено ПМВ ,,Голф,, и Б.А. сторил прекршок на тој начин што на јавен пат надвор од населено место со возилото се движел со брзина поголема од 50км/час до 70км/час.

За сторениот прекршок од страна на полицискиот службеник на горе пријавениот му биле сочинети и врачени прекршочен и платен налог како и записник за сторен сообраќаен прекршок кој одбил да го потпише и во рок од 8 дена не ја платил глобата.

Како правен монитор од моја страна беа преземени следниве чекори:

  • Детално беше разгледана документацијата од судот за да можам да откријам за што поточно станува збор.
  • По разгледувањето на документацијата со која располагаше лицето М.А. беше советувано да достави изјава во свое име до Основен суд Гостивар, во која ќе наведе дека неговиот брат Б.А. моментално е надвор од државата и нема да може да одговори на поканата.
  • Потребната изјава беше напишана од моја страна која беше доставена до Основниот суд Гостивар.

Случајот беше позитивно решен со тоа што казната за плаќање после доставената изјава се одложи се додека братот на М.А. не се врати од Германија. Со оваа изјава се избегна и собирање на камата и наплата на казната преку извршител.

 

 

Правен монитор во хаб Гостивар

Ќефајет Шабани Алиу