И.С на возраст од 39 години од Скопје, Општина Шуто Оризари ми се обрати со следниот проблем. Нејзиното дете А.С. учи во основното училиштето „26-ти Јули “ во Скопје, Шуто Оризари.
Се работи за хиперактивно дете кое училиштето го испраќа до Центарот за функционална проценка и поддршка на деца и млади за да му се направи проценка според Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ), тврдејќи дека има психички проблеми а врз основа на убедување на наставничката.
Детето е немирно и поради тоа било отстрането и маркирано од сите и оставено во ќоше од страна на наставниците. Примерот на наставниците го следеле и неговите соученици.
Мајката многу пати е повикувана од страна на училиштето и се бара од неа да присуствува со него во часовите. Ова нехумано однесување од страна на училиштето можело да ја доведе до прашање животната егзистенција на целата фамилија.
Психологот пак тврдеше дека има работено со детето и дека било невозможно да се работи со истото во иднина.
Како правен монитор ги преземав следниве чекори:
- Заедно со мајката на детето разговаравме со наставничката, директорот и со психологот на училиштето.
- Утврдив и пренесов до нив дека со детето не се работи на соодветен начин.
- Заедно со родителот побаравме писмено барање од страна на училиштето со наведени причини зошто детето се испраќа за проценка според МКФ.
- Училиштето го одби правото на мајката да поднесат писмено барање за на крај сепак училиштето да ни даде барање.
Крајниот позитивен резултат од сето ова е тоа што:
- со наши напори го добивме правото коешто го заслужува мајката, да добие официјално барање од страна на училиштето за причината зошто сметаат дека треба да се прати за проценка според МКФ.
- Според направена проценка утврдено е дека проблемот со однесувањето на детето не е бидејќи тој има попреченост туку дека само има јазична бариера.
- Со даденото мислење, на А.С. од страна на МОН му е доделен образовен асистент со кој тој успева да ја руши јазичната бариера.
- А.С. учи во многу подобра атмосфера и услови и има напредок во истото училиште.
Правен монитор во хаб Шуто Оризари
Сејнур Сефер