Еднократна парична помош за новороденче се обезбедува на семејство, по раѓање на прво или второ новородено дете. За прво и второ новородено дете се смета дете кое е прво и второ живородено дете по ред на раѓање на мајката, кој редослед се утврдува на ист начин кога мајката ќе роди повеќе деца одеднаш.[1]
Висината на еднократната парична помош се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година. Па така исплатата за прво родено дете изнесува 5.263.00 денари а за второ родено дете е 21.055.00 денари.
Право на ЕПП за новороденче родено на територија на РСМ има еден од родителите државјанин на РСМ, со постојано место на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на РСМ до денот на раѓањето на детето.[2]
Барањето за остварување на право за еднократна парична помош за новороденче со потребна документација во прилог се поднесува до центарот за социјална работа, надлежен за подрачјето на кое мајката има живеалиште или престојувалиште најдоцна до наполнети три месеци живот на детето, а за посвоено дете најдоцна до три месеци од заведувањето на посвоеното дете во книгата на родените.
Доколку мајката не е државјанин на РСМ а склучила брак со државјанин на РСМ и има лична карта за странец издадена од МВР, барањето за остварување на правото на ЕПП за новороденче го поднесува таткото до ЦСР надлежен за подрачјето на кое таткото има постојано место на живеење .
Барањето за добивање на правото на еднократна парична помош за новороденче се поднесува на:
- Образец ПРИЛОГ бр.3, БЕППН/2 до центарот за социјални работи, односно барање за остварување на право на еднократна парична помош за новороденче, каде што се пополнува со личните податоци на подносителот (Име и презиме, место на живеење, ЕМБГ, број на лична карта од кој орган е издадена, број на трансакциска сметка и од која банка, име и презиме на роденото дете со дата ,месец , година и место на раѓање и кое е по ред, прво или второ живородено дете).
- Важечка лична карта на мајката се доставува на увид за докажување на идентитетот, државјанство и постојано место на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на РСМ до денот на раѓање на детето.
- Мајчина книшка на увид за мајката со копија на страници 3,5 и 7 или потврда од избран лекар-специјалист по гинекологија и акушерство за редот на раѓање на детето (прво или второ) а за посвоено дете потврда дека мајката нема живородени деца.
- Извод на матична книга на родени на првото дете а во барањето за ЕППН за второ живородено дете и извод на матична книга на родени за првото родено дете.
- Податоци за подносителот (мајката), националност ,степен на образование, статус, и внесување на сите членови на семејството.
- Изјави за подносителот и брачниот другар.
__________________
[1] Еднократна парична помош за новороденче, МТСП
[2] Ibid.