Лицето Џ.К. роден 1962 година во Гостивар, боледува од тешка телесна попреченост и е примател на ГМП. Џ.К. имал позитивно решение за остварување на правото од областа на социјална заштита – Надоместок за помош и нега од друго лице, меѓутоа на истото решение му истекол рокот на важност, така што лицето треба повторно да аплицира за да може да му се продолжи остварувањето на правото. Земајќи предвид дека во семејството живее заедно со своите полнолетни синови и својата сопруга и истите се неписмени и невработени, продолжувањето на горенаведеното право е од особено големо значење за Џ.К. и неговото семејство.
Јас како правен монитор ги преземав следниве чекори за овој случај со тоа што:
- го придружував лицето до ЦСР каде што го обезбедивме образецот- барање за остварување на правото надоместок за помош и нега од друго лице, дадов поддршка во пополнување на барањето и изјавата за согласност употреба на лични податоци од страна на ЦСР;
- Го советував лицето да се обрати до матичниот лекар за да обезбеди документ – мислење од матичен лекар за потребата од помош и нега од друго лице, целокупна медицинска документација и отпусно писмо а кон барањето да приложи и важечка лична карта.
Сета комплетирана документација лицето ја достави во ЦСР, и потоа требаше да се јави на комисија составена од тројца специјалисти во Тетово ( закажан термин од страна на матичниот лекар) за комисијата да одлучи дали лицето и понатаму има потреба да го користи правото на Надоместок за помош и нега од друго лице.
По три месеци лицето доби позитивно решение од ЦСР дека ги исполнува условите за остварување на ова право и дека на истиот секој месец ќе му се исплаќа износ од 4565 денари.
Правен монитор во хаб Гостивар
Ќефајет Шабани Алиу