Ви образложувам состојбата и случувањата на моето малолетно дете А. Б. која е ученик во петто одд во О.О.У „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово. Ние сме семејство кое е дојдено од Србија и живееме во Берово во социјален стан корисници на гарантирана минимална помош. Живееме со моето девојче и сопругот кој сега во моментот се наоѓа кај нашата ќерка која живее и работи во Германија. Девојчето подолг приод се жали на недорабирања и конфликтни ситуации во школото од нејзини соученици. На сите кажувања од нејзина страна скоро месец дена ја притискав разговарав со неа дека тоа е период и дека ќе помине се додека еден ден дојде од школо вознемирена исплашена и несредена. Тогаш сфатив дека се работи за сериозен случај и разговарав со неа, таа ми објасни дека група на ученици ја бркаат низ школските учелнници ја затвораат во тоалетите ја кубат за коса а тоа го прават и надвор од школото. Јас наредниот ден веднаш без двоумење отидов кај семејства на учениците за да разговарам со родителите да ги посоветуваат своите деца бидејќи ние во Берово сме мало место и сите се познаваме. Таму од семејствата и нивите деца кои беа повеќе од вулгарни наидов на неразбирање тврдејќи дека не така. А моето девојче му наредив доколку има повторно такви инциденти да пријави на наставничката и таа да не се задева да избегава. Наредниот ден имало повторно сличен настан и закани и мојата ќерка пријавува и повторно и повторно и повторно и на тоа наставничката рекла дека наводно е пријавено но никако и никаде не пријавила. На ден 07.02.2023 год отидов во училиштето поразговарав со педагогот и психологот на училиштето и им објаснив целата ситуација. Рекоа дека ќе преземаат обврска да поразговараат со сите чинители и да се направи разврска на случајот. Поради сериозноста на случајот го пријавив и во Центарот за социјални работи кои ме посоветуваа дека законски е да прво се информира и инволвира школска служба која ако има потреба ќе го вклучи и центарот. Поголема паника и стрес ме фати подоцна кога после се девојките кои ја малтретираа мојата ќерка направија клип каде преку слики и цртана верзија се закануваат. Видеото кружеше на тикток.
- Берово
- Образование
- 09/02/2023
- 12:30
- ДА
- НЕ
- НЕ
- ДА