На ден 15.03.2023 година поднесов Барање за поврат на парични средства по основ плаќање на обврски за радио дифузна такса на Македонската Радио Телевизија до Министерство за финансии и Управа за јавни приходи РД Прилеп.
Согласно надлежностите на гореименуваните, барањето беше поднесено како засегната, односно поради тоа што од месец јуни, 2013 година па се до месец септември, 2019 година врз основа на Законот за РДТ, мојот сопруг С.Д. со живеалиште на ул.„Дабнички Завој„ бр.** во Прилеп, со ЕМБГ 25*********** беше задолжен на месечно ниво по 190,00 денари со јавна давачка за РДТ на МРТ, односно вкупен износ од 9.800,00 денари. Од особена важност е да се напомене дека мојот сопруг, С.Д. е лице со траен инвалидитет од 100%, прва категорија со Решение бр.082***** од 19.07.2013 година при Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, Подрачна единица Прилеп. Имено, со ваквото решение и процент на инвалидитет, мојот сопруг требаше да биде ослободен и да се бриши од регистарот на РДТ на МРТ за што навремено беше известена УЈП-РД-Прилеп.
Прилог: Решение од ФОНДОТ НА ПИОМ, ПЕ – Прилеп
Во истиот овој период од август, 2012 до септември, 2019 година за истата јавна давачка бев задолжена и јас, за адреса Дабнички Завој бр.**, иако живеалиштето ми е на ул.“Дабнички Завој“ бр.** во Прилеп. Имено, како сопруга на С.Д во брак, со ваквата примена е прекршен Законот за РДТ на МРТ, бидејќи станува збор за двојно задолжување. За истото беше известена УЈП-РД-Прилеп, а како доказ беа поднесени личните карти на двајцата, од каде јасно се гледа дека јас и мојот сопруг живееме на иста адреса, односно на ул.„Дабнички Завој“ бр.** во Прилеп.
Прилог: Фотокопија од лични карти и Извод од МКВ
Имено, за да биде штетата поголема, заради непостапување од страна на надлежниот орган за мое бришење од регистарот како обврзник за РДТ поради двојно задолжување, како и бришење на мојот сопруг поради телесен инвалидитет од 100% со што по Законот за РДТ, целото семејно домаќинство треба да се ослободи од јавната давачка за РДТ. Мојот сопруг, на ден 19.01.2023 година почина и при префрлањето на пензијата на мене како сопруга, повторно се соочив со проблем поради непостапување и бришење како обврзник, односно ми беше блокирана тековната сметка и за да може да се деблокира, морав да платам износ од 5.700,00 денари за РДТ на МРТ.
Прилог: Фотокопија од реализирана уплата и Извод од МКУ
Во таа насока, а согласно законските надлежности барам да се постапи кон бришење како обврзник и да се изврши поврат на реализираната наплата на паричните средства и тоа видно од:.
-аналитичката картичка за радио дифузна такса на име на мојот сопруг, износот од 8.170,00 денари да се врати на тековната сметка на сопругата С. Д со број 500***********, депонент Стопанска банка АД Битола а остатокот од задолженијата да се бришат на износ од 1.710,00 денари;
– аналитичката картичка за радиодифузна такса, С.Д остатокот од задолжението да се бриши од евиденција на износ од 6.080,00 денари.