На ден 06.08.2022 во 23:20 часот, се пријавив во ургентниот центар „8-ми Септември“ поради пресилна главоболка и вртоглавица и ги побарав броевите 112, 194 и 192 да ургираат со можност да ме примаат бидејќи не бев примен од страна на персоналот од истата болница до 00:20 часот следниот ден на 07.08.2022.
Со мене во придружба беше мојот малолетен син од 14 годишна возраст. Го побарав бројот 112 и ги замолив како посредник помеѓу вработената на шалтер во болницата и мене да ургира за да бидам примен и да ги уживам здравствените услуги кои ми следуваат како човек.
Откако уште еднаш ги замолив операторите на 112, од болницата повторно не најдоа можност да ме примаат внатре со причина дека нема слободнa ординација. Чекав за да се ослободат зафатените ординации како што ми беше кажано од страна на операторот на 112 но луѓето кои што доаѓаа после мене, истите влегуваа и беа примени пред мене. Исто така, јас забележав еден висок доктор од машки пол со слушалки на вратот и истиот се шеташе внатре-надвор без никаква друга обврска што укажува на тоа дека и покрај тоа што капацитети беа ослободени јас сеуште преставував вишок и се чувствував отфрлен од страна на болницата.
Под овие тешки услови и двојното одбивање ми се влоши здравствената состојба на многу високо ниво и бев принуден да ја напуштам болницата и се упатив назад до поликлиника Чаир. Откако стигнавме во Поликлиниката Чаир бев примен и соодветно третиран од нивна страна. Кога се вративме дома се јавив повторно на бројот 192, со молба да го забележат немилиот настан во нивниот полициски билтен и истите рекоа да се јавам во Полициска станица – Центар на бројот 072/334-261. Полицијата од Центар ме упати да се јавам во полициската станица во Карпош на бројот 072/334-411, каде што истите ги информирав за немилиот настан за кој одбија да го заведат во нивните полициски билтени и ми препорачаа дежурна полицајка од Полициска станица – Карпош. Од таму ми рекоа да си побарам помош од адвокат за кој јас немам пари бидејќи сум во социјален-економски ризик. Повторно, истата ноќ, во 04:00 часот наутро се јавив во Поликлиниката Чаир со истите симптоми и одново повторно бев третиран и ми беше кажано повторно да побарам помош во ургентниот центар бидејќи сите медицински екипи на брзата помош во моментот биле зафатени.
- Скопје
- Здравствена заштита | Дискриминација
- 09/08/2022
- 19:30