Н.Д има 37 години, роден е и живее во Куманово но работи во Скопје. Н.Д ни се обрати по пат на телефон преку бројот на страната на Ромалитико за хаб Куманово. Имено, се работи за случај каде на странката му беше блокирана сметката во банка. Поради долгови, и неможност да ги плати ратите од долговите, даден е на Извршител Лазар Петровски (именуван за подрачјето на Основен суд Куманово, Основен суд Крива Паланка и Основен суд Кратово). Странката живее под кирија и блокирањето на сметката претставуваше сериозен проблем за исплаќање на киријата за која и времето истекуваше. Освен тоа, странката имаше и други обврски за плаќање на долгови кон ЕВН.
Како правен монитор од хаб Куманово веднаш го разгледав случајот и ги преземав следниве чекори:
· остварив контакт со канцеларијата на Извршител Лазар Петровски;
· по долг разговор со вработените во неговата канцеларијата утврдивме дека странката Н.Д должи одредена сума на пари;
· побарав да се склучи договор со Извршителот ( во претходна координација со странката) за плаќање на рати и одблокирање на сметката, одговорот беше дека е потребно да се достави документ дека странката е вработено лице;
· побарав од странката кој е вработен и има договор за работа со фирма од Скопје, да ми го достави договорот;
· странката наредниот ден, обезбеди примерок од договорот, по што беше доставен до канцеларијата на Извршителот.
Кога се достави договорот, на ден 18.10.2022 направена е службена белешка каде се има склучено договор да се деблокира сметката на странката, и долгот да го исплаќа на повеќе месечни рати по 15,000 денари почнувајќи од 19.10.2022 година.
После склучување на договорот со Извршителот, заедно со странката ја посетивме банката за да провериме дали е деблокирана сметката, каде утврдивме дека странката веќе е во можност да ја користи сметката и да почне да ги исплаќа ратите.
Случајот позитивно се реши со тоа што на странката и беше деблокирана сметка и со тоа избегна нередовно плаќање на другите режиски трошоци.
Правен монитор од хаб Куманово
Муарем Шакировски