Категорија: Ресурси и Информации

ОДБЛОКИРАЊЕ СМЕТКА НА СТРАНКА ОД КАНЦЕЛАРИЈА НА ИЗВРШИТЕЛ

  Н.Д има 37 години, роден е и живее во Куманово но работи во Скопје. Н.Д ни се обрати по пат на телефон преку бројот на страната на Ромалитико за хаб Куманово. Имено, се работи за случај каде на странката му беше блокирана сметката во банка. Поради долгови, и неможност да ги плати ратите од долговите, даден е на Извршител Лазар Петровски (именуван за подрачјето на Основен суд Куманово, Основен суд Крива Паланка и Основен суд Кратово). Странката живее под кирија и блокирањето на сметката претставуваше сериозен проблем за исплаќање на киријата за која и времето истекуваше. Освен тоа,...

Види Повеќе

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРАВОТО – НАДОМЕСТОК ЗА ПОМОШ И НЕГА ОД ДРУГО ЛИЦЕ

Лицето Џ.К. роден 1962 година во Гостивар, боледува од тешка телесна попреченост и е примател на ГМП. Џ.К. имал позитивно решение за остварување на правото од областа на социјална заштита – Надоместок за помош и нега од друго лице, меѓутоа на истото решение му истекол рокот на важност, така што лицето треба повторно да аплицира за  да може да му се продолжи остварувањето на правото. Земајќи предвид дека во семејството живее заедно со своите полнолетни синови и својата сопруга и истите се неписмени и невработени, продолжувањето на горенаведеното право е од особено големо значење за Џ.К. и неговото семејство....

Види Повеќе

ЖИВОТ НА РАБОТ НА ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА

М.О. од Прилеп на возраст од 41 година живеела во вонбрачна заедница со лице од Прилеп и во таа заедница добиле  8 деца: 3 машки и 5 женски. Моментално живее само со своите деца од причина што нејзиниот вонбрачен партнер издржува казна затвор во КПУ Прилеп поради кривично дело кражба. Сите полнолетни членови од семејството на М.О. вклучувајќи ја и неа, се невработени поради што семејството е во многу лоша социјално-економска состојба бидејќи единствен и основен приход за егзистенција им е гарантираната минимална помош преку ЈУМ Центарот за социјална работа – Прилеп, која помош е незадоволителна за основните животни...

Види Повеќе

ЈАЗИЧНАТА БАРИЕРА НЕ Е ПРИЧИНА РОМСКИТЕ ДЕЦА ДА СЕ ПРАЌААТ ВО СПЕЦИЈАЛНИ УЧИЛИШТА

И.С на возраст од 39 години од Скопје, Општина Шуто Оризари ми се обрати со следниот проблем. Нејзиното дете А.С. учи во основното училиштето „26-ти Јули “ во Скопје, Шуто Оризари. Се работи за хиперактивно дете кое училиштето го испраќа до Центарот за функционална проценка и поддршка на деца и млади за да му се направи проценка според Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ),  тврдејќи дека има психички проблеми а врз основа на убедување на наставничката. Детето е немирно и поради тоа било отстрането и маркирано од сите и оставено во ќоше од страна на наставниците. Примерот...

Види Повеќе

ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПЛАЌАЊЕ НА СООБРАЌАЈНА КАЗНА

На ден 15.10.2021 лицето М.А.  се обрати во хабот во Гостивар, со цел да добие информации во врска со поканата ПРК БР.1811/21-С од Основен суд Гостивар која пристигнала на неговата адреса, а се однесувала на неговиот брат Б.А. кој се води на истата адреса и кој моментално е надвор од државата. Тој ми ја покажа документација која ја добил од судот во која е наведено дека на ден 04.06.2021 на автопатот Тетово-Гостивар од страна на полициски службеник било запрено ПМВ ,,Голф,, и Б.А. сторил прекршок на тој начин што на јавен пат надвор од населено место со возилото се...

Види Повеќе