Category: Important announcements

ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА НОВОРОДЕНЧЕ

Еднократна парична помош за новороденче се обезбедува на семејство, по раѓање на  прво или второ новородено дете. За прво и второ новородено дете се смета дете кое е прво и второ живородено дете по ред на раѓање на мајката, кој редослед се утврдува на ист начин кога мајката ќе роди повеќе деца одеднаш.[1] Висината на еднократната парична помош се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година. Па така исплатата за прво родено дете изнесува 5.263.00 денари а за второ родено дете е 21.055.00 денари. Право...

Read More

ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ

Право на гарантирана минимална помош има домаќинство кое е материјално необезбедено и нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува. За материјално необезбедено се смета домаќинство чија вкупна просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето за остварување на правото и во текот на користењето на правото е пониска од висината на утврдената гарантираната минимална помош, согласно со овој закон. Висината на правото на гарантираната минимална помош се пресметува како основица за еден член на домаќинството, зголемена за коефициент од еквивалентната...

Read More

ПРАВО НА НАДОМЕСТОК ЗАРАДИ ПОПРЕЧЕНОСТ

Надоместок заради попреченост е право на парична помош од социјална заштита. Ова право се обезбедува за поттикнување социјално вклучување и еднакви можности на лице кое е со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост  и потполно слепо лице и потполно глуво лице. Лице со тешка интелектуална попреченост се смета лице кај кое што коефициентот на интелигенција приближно се движи од 20 до 34 (ментална возраст од три до шест години) и кое веројатно ќе има потреба од постојана поддршка и помош од друго лице. [1] За лице со длабока интелектуална попреченост се смета лице кај кое што...

Read More

ДОДАТОК ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Министерство за труд и социјална политика оваа мерка ја обезбедува заради покривање на трошоците поврзани со образованието на децата кои се запишани во редовно школување во средно и основно образование, имајќи  во предвид нивна финансиска и материјална состојба. За користење на ова право детето треба да присуствува на 85% од вкупниот број на реализирани наставни  часови и да не користело додаток за образование за истата учебна година. Ова право може да го користат и корисници на Гарантирана минимална помош (ГМП). Правото на додаток за образование се остварува во зависност од материјалната состојба на домаќинството, како и домаќинство со дете...

Read More