Ознака: помош

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРАВОТО – НАДОМЕСТОК ЗА ПОМОШ И НЕГА ОД ДРУГО ЛИЦЕ

Лицето Џ.К. роден 1962 година во Гостивар, боледува од тешка телесна попреченост и е примател на ГМП. Џ.К. имал позитивно решение за остварување на правото од областа на социјална заштита – Надоместок за помош и нега од друго лице, меѓутоа на истото решение му истекол рокот на важност, така што лицето треба повторно да аплицира за  да може да му се продолжи остварувањето на правото. Земајќи предвид дека во семејството живее заедно со своите полнолетни синови и својата сопруга и истите се неписмени и невработени, продолжувањето на горенаведеното право е од особено големо значење за Џ.К. и неговото семејство....

Види Повеќе

ЖИВОТ НА РАБОТ НА ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА

М.О. од Прилеп на возраст од 41 година живеела во вонбрачна заедница со лице од Прилеп и во таа заедница добиле  8 деца: 3 машки и 5 женски. Моментално живее само со своите деца од причина што нејзиниот вонбрачен партнер издржува казна затвор во КПУ Прилеп поради кривично дело кражба. Сите полнолетни членови од семејството на М.О. вклучувајќи ја и неа, се невработени поради што семејството е во многу лоша социјално-економска состојба бидејќи единствен и основен приход за егзистенција им е гарантираната минимална помош преку ЈУМ Центарот за социјална работа – Прилеп, која помош е незадоволителна за основните животни...

Види Повеќе

ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА НОВОРОДЕНЧЕ

Еднократна парична помош за новороденче се обезбедува на семејство, по раѓање на  прво или второ новородено дете. За прво и второ новородено дете се смета дете кое е прво и второ живородено дете по ред на раѓање на мајката, кој редослед се утврдува на ист начин кога мајката ќе роди повеќе деца одеднаш.[1] Висината на еднократната парична помош се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година. Па така исплатата за прво родено дете изнесува 5.263.00 денари а за второ родено дете е 21.055.00 денари. Право...

Види Повеќе