Ознака: Роми

ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА НОВОРОДЕНЧЕ

Еднократна парична помош за новороденче се обезбедува на семејство, по раѓање на  прво или второ новородено дете. За прво и второ новородено дете се смета дете кое е прво и второ живородено дете по ред на раѓање на мајката, кој редослед се утврдува на ист начин кога мајката ќе роди повеќе деца одеднаш.[1] Висината на еднократната парична помош се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година. Па така исплатата за прво родено дете изнесува 5.263.00 денари а за второ родено дете е 21.055.00 денари. Право...

Види Повеќе

ЈАЗИЧНАТА БАРИЕРА НЕ Е ПРИЧИНА РОМСКИТЕ ДЕЦА ДА СЕ ПРАЌААТ ВО СПЕЦИЈАЛНИ УЧИЛИШТА

И.С на возраст од 39 години од Скопје, Општина Шуто Оризари ми се обрати со следниот проблем. Нејзиното дете А.С. учи во основното училиштето „26-ти Јули “ во Скопје, Шуто Оризари. Се работи за хиперактивно дете кое училиштето го испраќа до Центарот за функционална проценка и поддршка на деца и млади за да му се направи проценка според Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ),  тврдејќи дека има психички проблеми а врз основа на убедување на наставничката. Детето е немирно и поради тоа било отстрането и маркирано од сите и оставено во ќоше од страна на наставниците. Примерот...

Види Повеќе

ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПЛАЌАЊЕ НА СООБРАЌАЈНА КАЗНА

На ден 15.10.2021 лицето М.А.  се обрати во хабот во Гостивар, со цел да добие информации во врска со поканата ПРК БР.1811/21-С од Основен суд Гостивар која пристигнала на неговата адреса, а се однесувала на неговиот брат Б.А. кој се води на истата адреса и кој моментално е надвор од државата. Тој ми ја покажа документација која ја добил од судот во која е наведено дека на ден 04.06.2021 на автопатот Тетово-Гостивар од страна на полициски службеник било запрено ПМВ ,,Голф,, и Б.А. сторил прекршок на тој начин што на јавен пат надвор од населено место со возилото се...

Види Повеќе

ОБРАЗОВЕН ДОДАТОК

Џ.С. има 52 години и живее во Скопје, Општина Чаир. На редовните теренски посети кои ги имам со ромската заедница во Топаана, тој ми се обрати дека е заинтересиран да аплицира за образовен додаток за неговиот внук. Странката не знаеше која е постапката за добивање на ова право и неколку пати се обидел да добие одговор од неколку невладини организации, но за жал немал некои јасни упатувања околу постапката, каде и кои се потребните документи кои треба да се достават со барањето, како и каде треба да се аплицира за ова право. Како правен монитор ги преземав следниве чекори:...

Види Повеќе